Еве што значи ако имате секс во сон
Сексот повикува на акција! После 30 години проучување и повеќе од 100.000 анализирани соништа психологот Ian Wallace тврди како сонувањето за секс е повик на големи промени.
Потсвеста само ви порачува дека морате нешто да превземете. Секој кој се појавува во секс-соништата , е дел од посебноста на сонувачот. Луѓето со кои во сон ќе се најдете во кревет ја имаат особината која и вие ја сакате. Дали е тоа нежност, љубезност или амбициозност…Психологот објаснува како потсвеста го алармира сонувачот дека за него е важно да ја развива токму таа доблест.Но соништата за секс можат и да упатуваат и на емотивни празнини. Соништата за групен секс не се знак дека сонувачот „полудел„ од валкани фантазии и страсти. Потсвеста јасно дава на знаење дека ни недостасува нужната потпора од партнерот, семејството,колегата..Во различните фази на животот на жените се повторуваат соништа во кои некој ги прогонува. Тоа значи дека имаат проблем кој се обидуваат да го турнат под тепих. Но потсвеста ги повикува да го освестат и решат-вели dr Wallace.
Во кревет со бившиот
Да се најдеш под чаршафите со бившиот не значи дека страдате по него , туку потсвеста со тоа ви порачува да прекинете со старите обрасци на однесување за да не ги повторувате грешките од бившата врска.
Сексот со пријателот
Не е предупредување дека го гледате со други очи.Станувате свесни дека ќе морате да поработите на себе за да ги развиете талентите кои тој или таа ги има. Сексуални партнери во соништата можат да бидат и луѓе кои ви се одбојни во вистинскиот живот. Но потсвеста, без грам срам, ви порачува дека некоја особина ви е сепак привлечна. Уште пошокантни на хетеросексуалците ќе им се сторат соништата за хомосексуалноста . Ако немате наклоности кон истиот пол, а во сонот уживате во хомосексуалниот однос, нема причина за паника.Тој сон значи дека станувате свесни за сопствените тела и сексуалноста па започнувате да се носите со женственоста или мажевноста. Ни страствената ноќ во прегратката на најдобриот пријател на сопругот не е најава за можен скандал. Таквиот сон открива дека сакате сопругот да ги има особините на најдобриот пријател.Можеби тој човек е добар ви нешто што на вашиот партнер не му поаѓа од рака. Поразговарајте за тоа-вели dr. Wallace.И сонот за сексот со симпатијата може да значи дека навистина ви се допаѓа, но многу е поверојатно дека во кревет сте завршиле поради некоја негова или нејзина особина која се уште не сте подготвени да ја развиете самите. Но ако се разбудите во пот поради сексот во јавноста, нема причина за пусто анализирање. Едноставно, објаснува психологот, копнеете вашата врска, долга или кратка, да ја одобрат и прифатат другите.
Ист пол.
Ако сонувате секс со партнер од ист пол, тоа може да биде збунувачко. Но тој значи дека станувате потолерантни кон овој вид на однесување што порано не ви се допаѓало.
Секс со славните.
Сонот за сексот со славните ја открива вашата желба широката јавност да стане запозната со талентите кои ги поседувате и делата кои ги правите за да добиете за тоа заслужена пофалба.
Со симпатијата
Објектот на вашите жејби поседува за вас магнетска привлечност која и сами сакате да ја имате,.
Со странец
Странецот го симболизира обидот на криење на таленти поради кои ви е помалку незгодно пред другите луѓе, а возможно е ни сами да не сте потполно свесни.
Изневерување
Сонувате ли дека партнерот ви е неверен, тоа не е ѕвоно за узбуна, туку веројатно дека сте несигурни во сопствената сексуалност и привлечност.
Сон за секс со вампир или вонземјанин
Тоа е повик на будење на вашата креативност. Сторете нешто невообичаено бидејќи личниот развој е возможен кога ќе ја напуштите рутината.
Семејството
Иако најнепријатен од сите, сонот за секс со членот на семејството за dr Wallace е сосема нормален. Повторно, се сведува на тоа дека и се восхитувате на карактерот на таа особа.
Ново на Сител
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
-

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
