-->
-->
Еве како да го зголемите апетитот
-->

Поради ниската калорична вредност, вештачките засладувачи им се препорачуваат на лица кои се на диета, на луѓе со прекумерна тежина и на оние кои боледуваат од дијабетес.
Но, една неодамнешна студија на австралиските научници покажува дека вештачките засладувачи всушност го стимулираат апетитот и поттикнуваат на конзумирање на дополнителни 30 отсто калории преку храната.
Научниците од универзитетот во Сиднеј првпат го испитаа дејството на вештачките засладувачи врз мозокот на животните и луѓето.
Милијарди луѓе во светот редовно користат сукралоза, вештачки засладувач со ниска калорична вредност. Повеќето од овие засладувачи се добиваат од сахароза, а меѓу најпознатите се аспартам, ацесулфам калиј, неотам, натриум цикламат и сахарин.
Тестирањата спроведени на муви, на кои во текот на пет дена им се давале вештачки засладувачи, покажаа дека овие инсекти по хроничната изложеност на засладувачите, биле хиперактивни, страдале од инсомнија, од нетолеранција на глукоза, имале поголема потреба за слатки, како и зголемен апетит при што конзумирале повеќе калории.
Научниците дојдоа до заклучок дека вештачките засладувачи го менуваат начинот на кој мозокот го перцепира вкусот за слатко на нивото на центарот за наградување – нивото се интензивирало, правејќи нерамнотежа помеѓу нивото на „вистинскиот шеќер“ и нивото на глукозата, што го потикнува организмот на конзумирање уште повеќе шеќер.
Кога конзумираме „вистински шеќер‟ во мозокот се ослободува допамин, а во крвта расте нивото на глукозата. Во случајот со вештачките засладувачи, допаминот поттикнува чувство на пријатност, но со оглед на тоа дека засладувачите на содржат шеќер не расте нивото на глукозата во крвта, поради што организмот како надомест бара калории од храната, наведуваат научниците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Над 130.000 казни од почетокот на „Safe City“, 95% од нив за брзo возење
-

Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за еден денар
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Уапсени две лица за пожарот кај „Рампа“ – повреден пожарникар и оштетени две противпожарни возила
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
-

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
-

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО
