Евакуирани се 2.700 лица поради пожарот во Мартиг на југот од Франција
Силниот пожар кај Мартиг на југот од Франција на Азурниот брег сè уште е активен. По ноќната борба против пламенот, пожарникарите сепак успеале да го контролираат напредокот на пожарот, јави дописникот на МИА од Париз.
Во раните утрински часови, два канадери повторно започнаа со ротациии, прекинати во текот на ноќта, за да им помогнат на копнените екипи да го стават пожарот под контрола.
„Изутринава 1.400 пожарникари се уште се мобилизирани“, се вели во соопштението на противпожарната служба на Буш-ди-Рон, која додава дека нема сериозни повредени при пожарот.
Спасувачките екипи евакуираа околу 2.700 лица, од кои 468 преку море. Полицијата спаси стотици луѓе кои биле во опасна ситуација, на плажата на Тамарис, меѓу кои имало и мали деца, посочија службите.
Утрово, три брода сè уште се ставени на располагање, доколку се потребни нови евакуации, рече Кристин Рибес, портпарол на поморскиот префект за Медитеранот.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници