Евакуирани македонските државјани, властите загрижени за состојбата во соседната земја
7 македонски државјани кои беа во близина на инцидентот во Косово, безбедно се извлечени. Тие биле сместени во хотел во околина на селото Бањска каде имаше пукање. МНР информира дека тие утрово биле придружувани од косовската полиција и безбедно ги спровеле кон дома.
Околностите во кои тие се најдоа беа сложени имајќи предвид дека беа сместени во хотел , во непосредна близина од каде се слупи вооружениот напад врз полицијата. Низ целиот процес, косовските служби ја гарантираа безбедноста на нашите државјани, а нашата амбасада во Приштина беше во постојан контакт со нив.
Стабилна е безбедносната состојба во државата уверува премиерот Ковачевски, по случувањата во Косово. Тој силно ги осудува синоќешните настани и дава поддршка на КФОР за сите активности кои ќе обезбедат стабилност и мир во Косово и регионот. Премиерот е во постојана комуникација преку службите и со нашите војници кои учествуваат во мисија на Косово.
– Ние сме постојано во комуникација со нашата мисија во нато,, во нашата земја не постои основ за било какво стравување меѓутоа она што се случува да изразам заружениост осуда з атоа што се случи , беше убиен полицаец таков акт на насилство никому не му треба . мора да се направи итно истрага да се види кој стои зад ова, постои нечија агенда сакаат овој регион дабиде на немир , има политичари како кај нас и албанија што сакаат да го видат регионот во еу .изразувам поддршка на безб структури на косово на кфор имаме и наши војници.
Ситуацијата на Косово е експлозивна, тензична но инцидентот нема директно влијание на безбедносната состојба на државата порача министерката за одбрана. Како земја членка на НАТО и соседна држава, будна ја следат состојбата во Косово. Неопходно е да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина за да се спречат дополнителни конфликти кои може да го дестабилизираат регионот.
- Тој инцидент или тоа што се случува таму нема директно влијание и од оние информации со кои досега располагаме и кои ги разменуваме не влијаат на загрозување на безбедноста на нашата држава. Тоа го гарантира и фактот дека сме земја членка на НАТО и како што реков изминатиот период вложуваме навистина многу во одбраната. Меѓутоа се разбира секоја од институциите внатре во Република Северна Македонија има обврска да придонесе за нашата национална безбедност“Овие моменти се тие моменти кога секој од нас ќе го покаже лидерството и визионерството за сопствената држава, а потоа да се грижи за сопствените рејтинзи.
Апел до македонските власти и загриженост за ситуацијата изразија од опозициската ВМРО ДПМНЕ.
„Со будност ја следиме состојбата, апелираме до македонската власт да ги заштити интересите на државата и да се сторат потребните активности за заштита на македонските државјани кои се најдоа во средиште на случувањата. “
Реакции пристигнаа и од политичките партии од албанскиот блок во државата.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар