Свет
1. December 2017 - 18:50

Евакуиран божиќниот базар во Потсдам

Германската полиција го евакуираше божиќниот базар и околната зона во градот Потсдам, што се наоѓа во близина на Берлин, поради откриен сомнителен пакет. 

Во тек е проверка на пакетот, што бил доставен во аптека во близина на местото на панаѓурот. 

Полиција Потсдам

Нивото на опасност од потенцијални терористички напади во Германија е на висок степен, по минатогодишниот напад со камион на божиќниот панаѓур во Берлин.