-->
-->
ЕУРО 2016: Разврска во групите Е и Ф
-->

Со натпреварите кои ќе се играат денеска, а во рамките од последното 3.коло во групите Е и Ф, ќе биде комплетиран списокот на селекциите кои ќе играат во осминафиналето на Европското првенство во Франција.
Во терминот од 18 часот ќе започнат натпреварите од Ф групата меѓу Исланд – Австрија и Унгарија – Португалија.
Унгарците без разлика на исходот против Португалија веќе обезбедија осминафинале, но од која позиција останува да се види.
Затоа пак останатите три селекции ќе се борат за бодовите, односно второто и евентуално третото место кои водат меѓу шеснаесетте најдобри.
Во пресрет на овие натпревари, водечка е Унгарија со 4 бодови, пред Исланд и Португалија кои имаат по 2, односно Австрија која има само 1 бод.
Идентична е ситуацијата и во групата Д, во која Италија со 6 бодови, е сигурен осинафиналист, додека Белгија која има 3 бода, заедно со Швадска и Република Ирска кои имаат по 1, ќе се борат за второто место во оваа конкуренција.
Во последното коло од оваа гупа вечерва од 21 часот, во Лил ќе играат Италија и Република Ирска, додека во Ница ќе се сретнат Шведска и Белгија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
