ЕУ покрена правна постапка против Лондон за кршење на договорот за Брегзит
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, објави дека ЕУ покрена постапка за кршење на договорот против британската влада, поради нејзиниот спорен предлог-закон со кој се откажува од дел од договорот за Брегзит.
„Утрово, Комисијата одлучи да испрати писмо до британската влада, во кое се повикува да ги почитува своите обврски. Ова е прва фаза од процедурата на кршење на договорот“, објави Фон дер Лаен.
Во писмото до Велика Британија се наведува дека британската влада има рок од еден месец да одговори.
Европската комисија потенцира дека Велика Британија претходно беше повикана да го повлече проблематичниот дел од Законот за внатрешен пазар до крајот на септември.
Се додава дека Законот, по својата природа, ги крши обврските преземени со добра волја, што произлегуваат од договорениот Договор за одвојување.
„Рокот истече вчера, проблематичните одредби не беа повлечени, а Комисијата го започна првиот чекор од прекршочната постапка со испраќање на официјално известување до властите на Велика Британија“, вели претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лаен.
Во Брисел наведуваат дека и покрај овој чекор, тие ќе продолжат да работат на целосно и навремено спроведување на Договорот за повлекување на Обединетото Кралство од ЕУ.
„Ние се придржуваме кон преземените обврски“, заклучи Фон дер Лаен.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци