ЕУ очекува државите од Западен Балкан да работат на помирување и спроведување на реформите
Европската комисија денеска изрази очекување државите од Западен Балкан да ги насочат напорите во исполнување на програмите за реформи, за да напредуваат на патот кон ЕУ.
- ЕУ го поддржува принципот за помирување на Западен Балкан. Европскиот совет изрази поддршка за јасна европска перспектива на регионот. Ќе продолжиме да работаме со тие држави на билатерална основа за поефикасна регионална соработка, изјави портпаролот на Комисијата.
Тој, по повод изјавите на албанскиот премиер Еди Рама за заеднички претседател на Албанија и Косово, рече дека изјавите, кои би можеле да бидат сфатени како политичко мешање во соседните држави, не помагаат за воспоставување на добрососедски односи.
ЕУ очекува изградба на добри и трајни односи со соседите, како и фокусирање на сопствените програми за реформи, со цел да државите од регионот да напредуваат на патот кон ЕУ, истакна портпаролот на Комисијата
Рама вчера изјави дека е можно Косово и Албанија некогаш да имаат „заеднички претседател како израз за национално единство“. Тој забележа дека двете земји веќе имаат заеднички амбасади и дипломатски претставништва.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје