ЕУ е подготвена да ги прошири санкциите кон Северна Кореја

Подготвени сме да ги прошириме санкциите против Северна Кореја, изјавија денеска претседателите на Европскиот совет, Доналд Туск, на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и премиерот на Јапонија, Шиндѕо Абе.
- Ја споделуваме оценката дека Северна Кореја претставува растечка закана за меѓународниот мир и безбедност. Сериозно сме ангажирани и најостро ги осудуваме контиунираните нуклеарни проби и ракетни тестирања, што се сериозно нарушување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Подготвени сме да ги прошириме мерките за ограничување на пристапот до средствата и технологиите за вооружените програми на Северна Кореја, па затоа повикуваме на забрзано усвојување на нова резолуција од страна на Советот за безбедност, посочуваат тројцата лидери.
Тие ја повикаа меѓународната заедница двојно да ги зголеми своите напори за примена на резолуциите на ОН.
- Северна Кореја треба да се воздржува од следни провокации, кои ќе ги зголемат регионалните и меѓународните тензии. Северна Кореја ја повикуваме итно и целосно да ги исполни своите меѓународни обврски и да ги прекине сите свои програми за разработка на нуклеарно и друго оружје за масовно уништување, како и на балистичките ракети, а, исто така, да се вклучи и во дијалогот со меѓународната заедница за целосно укинување на нуклеарното оружје од Корејскиот Полуостров, се дополнува во заедничката изјава.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
