ЕУ безрезервно ја поддржува Велика Британија во случајот „Скрипал“
Европската Унија изразува шокираност од труењето на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и дава безрезервна поддршка на Велика Британија.
Министрите за надворешни работи на ЕУ кои во овој момент се состануваат во Брисел преку заедничко соопштение изразија солидарност со Велика Британија и изјавија дека „многу сериозно“ ја сфаќаат проценката на британската влада дека Руската Федерација е најверојатно одговорна за тој чин.
- Европската Унија е шокирана од употребата на воен нервен агенс, од типот на оние кои ги развива Русија, на европска територија по повеќе од 70 години, стои во соопштението.
ЕУ потсетува дека употребата на хемиско оружје претставува нарушување на меѓународните конвенции и претставува „безбедносна закана за сите нас“.
ЕУ ја повикува Русија итно да одговори на прашањата поставени од страна на Велика Британија и веднаш целосно да ја открие „програмата Новичок“ пред организацијата за забрана на употреба на хемиско оружје. ЕУ, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!