ЕУ бара итни реформи во правосудството во Албанија

Зачестените случаи на корупција ја поттикнаа делегацијата на ЕУ во Албанија, уште еднаш да упати апел до албанскиот политички врв, што поитно да се донесат реформите во правосудството, јави дописникот на МИА од Тирана.
- Кога една земја почнува преговори за членство, борбата против корупцијата е едно од прашањата кое прво треба да се третира. Тоа, исто така е и причина поради што комесарот Јоханес Хан изјави дека е многу значајно изгласувањето на реформите во правосудството да се случи пред лето, за да може ЕК да даде позитивна препорака за проширување на есен, изјави Јан Рудолф од делегацијата на ЕУ во Тирана.
Според тиранската телевизија Топ-чанел, која ја пренесува неговата изјава, секој втор албански граѓанин смета дека политичките функционери бараат мито, директно или индиректно. Што се однесува до довербата во антикорупциската политика на владата, таа достигна најниско ниво во последните 15 години.
- Речиси четири од пет албански граѓани не верува дека корупцијата може видно да се намали. Најкорумпирани, според албанските граѓани, се судиите, царинските функционери, носителите на јавни функции како и политичките лидери, јави телевизијата.
Ново на Сител
-

Изминатите два дена 1177 сообраќајни прекршоци, приведени 25 лица за безобѕирно управување на возило
-

Пентагон подготвува испраќање 3.000 падобранци на Блискиот Исток
-

Утрово најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, повикани тројца сведоци од Општина Кочани
-

Краделе кабли во „Железара“ и оштетиле електричен кабел вреден 800.000 денари
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
-

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
