Есента се враќа на голема врата: УХМР предупредува - Доаѓа влажен воздушен бран, ќе донесе снег, еве каде
Под влијание на влажен и студен воздушен бран денес ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни (околу 40 л/м 2 ), особено попладне во источните делови каде
локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер (на места над 70км/час), кој доцна попладне ќе го промени правецот во северен. Во текот на ноќта на планините врнежите ќе поминуваат во снег.
Утре ќе се задржи претежно облачно и студено, со повремени врнежи од дожд, особено во северните делови. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките ќе се формира снежна покривка, особено во северозападните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Утре и во среда ќе дува засилен северен ветер. Од средa во текот на денот ќе има постепено намалување на облачноста и дневната температура ќе биде во пораст и во петок ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено