Ердоган: Турскиот народ донесе историска одлка со тоа што го даде своето „да“ на референдумот
Турскиот народ донесе историска одлука со тоа што кажа „да“ на промените на Уставот, со кои се зголемуваат надлежностите на претседателот, изјави синоќа во Истанбул турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Обраќањето на Ердоган следеше по изјавата на премиерот Бинали Јилдирим, кој ја прогласи победата на гласањето со „да“ на референдумот и покрај тоа што се уште нема официјални резултати од гласањето, јави ДПА.
Целата земја победи, рече Ердоган на прес-конференција во Истанбул, која се емитуваше во живот на турските телевизии.
Тој посочи дека според неофицијалните резултати 25 милиони гласачи одговориле со „да“ на референдумот. - Тоа се 1,25 милиони гласови повеќе од оние, кои одговориле со „не“ на предложените уставни измени, рече Ердоган.
Тој се обрати од официјалната резиденција во Истанбул и нагласи дека референдумот ја затворил вратата на долгата историја на воено мешање во Владата на Турција.
- Прв пат во својата историјата Турција донесе одлука со волјата на Парламентот и на својот народ за толку важна измена. Прв пат во историјата на републиката, ние го променивме нашиот систем на владеење преку граѓанска политика, а не преку влади, кои дошле на власт по преврат или по национално-ослободителна војна, додаде Ердоган.
Тој истакна дека турскиот народ ја заштитил својата иднија и сите се должни да ја почитуваат неговата волја, вклучувајќи ги и сојузниците на Турција.
Ердоган изјави дека голем дел од успехот на референдумот се должи на гласачите надвор од Турција.
Тој нагласи дека Турција може да го стави на референдум и прашањето за враќање на смртната казна, доколку тоа е неопходно. Ердоган нагласи дека ако се покаже потреба тоа прашање веднаш ќе биде разгледано со премиерот и лидерот на националистичката опозиција.
Турскиот претседател напомена дека сите уставни измени нема да стапат во сила веднаш и додаде дека некои од нив ќе влезат во сила во ноември 2019 година.
Според првичните неофицијални резултати од референдумот при преброени 99 отсто од гласовите, за поддршка на уставните измени гласаа 51,3 отсто од турските избирачи. Одѕивот на референдумот изнесувал 86 отсто.
На референдумот 24,9 милиони граѓани гласале „за“ уставните измени, а 23,6 милиони гласале „против“.
Ново на Сител
-
Алиу донесе решение за разрешување на директорот на Клиниката за неврологија, Кузмановски
-
Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори
-
Путин: Ако има добра волја, Русија и САД можат да го продолжат Договорот Нов СТАРТ
-
За моето семејство напаѓам како лав | Роберт Спасенцовски - Џокер | Sitel Podcast 117
-
Николоски: На 19-ти да гласаме, од 20-ти да работиме, време е за промена и во Валандово
-
Мицкоски: Трилингот СДС-ДУИ-Левица се обидува да ја врати Македонија назад, ВМРО-ДПМНЕ се што ветува реализира
-
Мачадо: Нобеловата награда за мир е „огромно признание за борбата за сите Венецуелци“
-
Крадел производи поставени пред маркет и нападнал вработена - приведен кавадарчанец