Ердоган: Турција може да организира референдум за членство во ЕУ

Турција може да организира референдум по прашањето дали да го продолжи преговарачкиот процес за членство ЕУ, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
- ЕУ не дискриминира. ЕУ официјално ни даде збор уште во 1963 година, но процесот се забави. Ако ЕУ отстапи од темата за тероризмот (барањето на Брисел за менување на турското антитерористичко законодавство), ние лесно ќе му ја објасниме ситуацијата на народот. И ќе ја прашаме нацијата дали треба да продолжат преговорите за влез во ЕУ или не, истакна Ердоган.
Според Ердоган, ЕУ не сака да ја прими Турција, бидејќи земјата е со муслиманско мнозинство, што претставува дискриминација.
Турскиот претседател исто така напомена дека лидерите на ЕУ треба „да размислат што ќе прават ако Турција ги отвори границите и ги пушти бегалците да тргнат кон Европа“.
- Ние ќе преживееме и без укинување на визите, како и до сега. Ќе можат ли сепак европските земји да ја прифатат со истата ладнокрввност ситуацијата, кога ќе бидат урнат соништата на милиони бегалци, чиј живот е поврзан со договорот за реадмисија и можностите кои тој ги претставува?, праша Ердоган.
Договорот за реадмисија е клучен аспект на визната либерализација, а може исто така да ја направи поефикасна заедничка борба на Турција и ЕУ против незаконската миграција и тероризмот.
Претходно, како што јави ТАСС, Ердоган изјави дека ако не успеат преговорите за укинување на визите за Турците за патување во ЕУ, договорот за запирање на бегалскиот прилив нема да биде прифатен во турскиот Парламент.
Ново на Сител
-

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со адмирал Викоф, нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД
-

Заврши руско-белоруската воена вежба на нуклеарните сили
-

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во прва работна посета на Армијата и Министерството за одбрана
-

Минчев на средба со СИГМА: Транспарентноста и ефикасноста клучни за јавната администрација
-

Руте: Многу земји-членки на НАТО не издвојуваат доволно средства за Украина
-

Божиновска: Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра
-

Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
-

Сиљановска - Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет
