Балкан
21. August 2016 - 15:41

Ердоган: Самоубиствениот напад во Газиантеп го изведе малолетник

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека бомбашот-самоубиец кој го изведе нападот на свадба во градот Газиантеп бил на возраст од 12 до 14 години.

Во нападот загинаа 51 човек, а 69 се повредени, од кои 17 потешко.

Ердоган наведе дека за нападот најверојатно е одговорна Исламска држава.

Се уште никој нема преземено одговорност за синоќешниот напад.