Ердоган: Преминот кон претседателска власт не е за мој бенефит

Планот за засилување на претседателските овластувања во Турција не е за бенефит на сегашниот претседател Реџеп Тајип Ердоган, туку за доброто на земјата, изјави денеска самиот Ердоган, пренесува ДПА.
- Ова прашање не е лично прашање за мене, изјави Ердоган во говор пред градоначалниците во Анкара.
„Не се вознемирувајте. Секој систем ги создава своите лидери, своите шефови. Со Божја волја Турција секогаш ќе има еден Ердоган, посочи претседателот.
Откако ја презеде претседателската функција во 2014 година, Ердоган се залага за промени во Уставот, кои ќе му овозможат да ги прошири своите претседателски овластувања. Пакетот уставни промени, што предвидува воведување извршна претседателска власт, беше усвоен од Парламентот и се сега се очекува одобрение од самиот Ердоган за прашањето за проширување на ингеренциите да се предложи за изјансување на референдум, што најверојатно ќе се оддржи уште во април.
Ердоган ја брани тезата дека реформите ќе доведат до силно лидерство, неопходно за да се спречи враќање на власт на нестабилните коалициски влади од минатото.
Критичарите на уставните промени велат дека пакетот реформи ќе го зголеми авторитаризмот во земјата.
Ново на Сител
-

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг
-

„Бела ноќ 2026“ во Скопје - концерти, изложби, перформанси, настапи на диџеи и програма за најмладите
-

Во рускиот источен регион Иркутск млада жена почина од куга
-

Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското Море
-

31 година од атентатот врз Киро Глигоров - сè уште без одговор кој стоел зад нападот
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
