Балкан
30. October 2015 - 23:35

Ердоган: На турско-сириската граница приведени бомбаши-самоубијци

На турско-сириската граница се приведени неколку бомбаш-самоубијци, кај кои се пронајдени седум килограми експлозив ТНТ, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој наведе дека не е познато каде планирале да го постават експлозивот.

Ердоган посочи и дека турските сили за безбедност убиле околу 2.000 екстремисти во неодамнешните операции во и надвор од границата на Турција.

Тој најави дека таквите операции ќе продолжат.

Турција изврши напади врз цели на екстремистите од Исламска држава во Сирија и на позициите на курдските екстремисти во земјата и во северниот дел на Ирак.