Ердоган: Му реков на Путин да им го врати Крим на вистинските сопственици

Турскиот претседател Таип Ердоган изјави за PBS дека Владимир Путин е подготвен да разговара.
„Бевме заедно во Узбекистан, имавме долги разговори. Тој покажа знаци дека е подготвен ова да заврши што поскоро. Тоа беше мојот впечаток“, рече Ердоган, додавајќи дека е договорена размена на 200 затвореници.
Оваа вест доаѓа по големата украинска контраофанзива во која беше ослободен североисточниот дел на земјата.
Ердоган вели дека му рекол на Путин да го врати Крим на неговите вистински сопственици.
„Од 2014 година разговараме со мојот драг пријател Путин за тоа и тоа го баравме од него. Побаравме Крим да им се врати на вистинските сопственици. Тие се и наши потомци кои живеат таму“, рече Ердоган, додавајќи дека ниту еден чекор во таа насока никогаш не бил направен.
На прашањето како треба да изгледа крајот на војната во Украина, Ердоган рече дека земјата што ја освоија Русите мора да му се врати на Киев.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
