Ердоган: Крим треба да и биде вратен на Украина

Крим треба да и биде вратен на Украина, изјави претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган во видеопораката испратена до учесниците на Втората средба на иницијативата „Кримска платформа“.
– Ние не ја признаваме анексија од Русија. Тоа е принципиелен став, кој има не само правна, туку и морална основа. Враќањето на Крим на Украина е исто така услов на меѓународното право. Заштитата на територијалниот интегритет, суверенитет и политичкото единство Украина е од клучно значење не само за регионалната, туку и за глобалната безбедност и стабилност, истакна Ердоган. Тој, на виртуелната средба на светски лидери, чиј домаќин беше украинскиот претседател Володимир Зеленски, се осврна на гаранциите за безбедноста и благосостојбата на кримските Татари.
– Кримските Татари се еден од домородните народи на Крим. Тие страдаа од настаните. Обезбедувањето на нивната безбедност и благосостојба е меѓу приоритетите на Турција. Во овој поглед, сакам да потсетам дека Турција очекува да бидат ослободени и што е можно поскоро и да се вратат кај семејствата заменик-претседателот на Националното собрание Нариман Џелал и неговите соборци, кои беа приведени поради нивното учество на првиот Самит на Кримската платформа, посочи Ердоган.
Тој додаде дека Турција ќе продолжи да биде на страната на украинската Влада и кримските Татари, како и оти ќе продолжи да прави напори за решавање на украинската криза.
Ново на Сител
-

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога
-

Македонија првпат добива нови електрични еколошки автобуси
-

Дејан Јованов излегува од притвор
-

По скандалот со Македониумот, директорот на Историскиот музеј во Крушево поднесе оставка
-

Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живот и студирање
-

A1 Групацијата го забрзува ICT растот: Вештачката интелегенција и Cloud во центарот на дигиталната трансформација
-

Пожар во стан во Скопје, 11-годишно девојче пренесено во болница
-

Силувал малолетничка, ја демнел и барал експлицитни фотографии од неа - приведен 17-годишен скопјанец
