-->
-->
Ердоган: Еден од терористите во Брисел е лице кое било екстрадирано од Турција
-->
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека еден од напаѓачите во Брисел е лице кое било екстрадирано од Турција, соопшти турската телевизија НТВ.
- Еден од напаѓачите во Брисел е човек кого го уапсивме во јуни 2015 година во Газиантепе, во југоисточна Турција, и потоа сме го екстрадирале во Белгија. Белгијците, меѓутоа, на крајот го ослободиле посоченото лице, изјави Ердоган.
Според него, и покрај предупредувањата на Турција дека овој човек е странски џихадист, белгиските власти не успеале да утврдат дали лицето е поврзано со терористичка организација.
Турскиот претседател овие податоци ги кажа денеска на заедничка прес конференција со романскиот колега Клаус Јоханис.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево