-->
-->
ЕП - жени: Шведска и Србија останаа без полуфинале
-->
Репрезентациите на Франција и на Холандија се во предност и со победи во последното коло ќе обезбедат пласман во полуфиналето на Европското првенство за жени што се одржува во Шведска.
Двете селекции на синоќа одиграните дуели постигнаа победи. Франција го победи домаќинот Шведска со 21:19, додека Холандија беше убедлива против Србија со 35:27. Третиот дуел од групата 1 заврши без победник меѓу Шпанија и Германија, со што Германките ги намалија шансите за пласман во борбата за медалите. Поразите за Шведска и Србија значеа крај за шансите за настап во полуфиналето.
Во последното коло утре (14 декември) играат:
Шпанија – Холандија,
Шведска – Германија и
Франција – Србија.
Табела: Холандија 6 бодови, Франција 6, Германија 5, Шведска 3, Србија 3, Шпанија 1.
Денеска се играат дуелите од групата 2:
Чешка – Романија,
Унгарија – Норвешка и
Данска – Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Жителите на Куманово да не ја пијат водата од ЈП „Водовод“
-
Одбележување на денот на семејството, НТЦ семинар со д-р Ранко Рајовиќ
-
Избирачкото место 1272 во Охрид отворено навреме, гласањето се одвива непречено
-
ЦУК: Поплавувања и штети од невремето на објекти, земјоделски површини, патишта и автомобили
-
Прегласувањето во Струга почна навреме, процесот тече непречено
-
Се прегласува во село Ларце, Општина Желино, процесот се одвива без проблеми
-
Најмногу дожд во Велес 20 литри на квадрат
-
Доналд Трамп најави правни мерки против автори на филм за неговиот живот