-->
-->
ЕП Ракомет: Муса донесе финале за Хрватска
-->
Селекцијата на Хрватска избори финале на ЕП во ракомет откако во драматичното полуфинале дури по вториот сет продолженија ја совлада Норвешка со 29-28.
Победата дојде со голот на Муса во последните секунди од доигрувањето со што тимот на Червар ќе се бори за првиот златен трофеј на европските првенства кој единствено им недостасува.
Мечот беше неизвесен во текот на сите 60 минути но и во продолжетоците иако навидум Норвешка предводена од извонредниот Сагосен беше блиску до значајна предност и победа.
Хрватска се покажа уште еднаш дека е борбен противник кој не се предава така лесно и тоа и донесе успех и финале против победникот од пресметката помеѓу Шпанија и Словенија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
-

ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња
-

Со богослужби и свечена академија ќе бидат одбележани 130 години од храмот „Свети Димитриј“
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
