Свет
10. March 2021 - 9:13

ЕП ја одобри програмата „ЕУ за здравје“ со буџет од 5,1 милијарди евра

Европскиот парламент ја одобри програмата „ЕУ за здравје“, одговорот на Унијата на пандемијата на Ковидид-19, со цел да се зголеми квалитетот и еластичноста на здравствените системи на земјите-членки и буџетот за тоа е 5,1 милијарди евра во периодот од 2021 до 2027 година.

На вчерашната пленарна седница, членовите на Европскиот парламент го поддржаа привремениот договор со Советот за програмата „ЕУ за здравје“ со 631 глас „за“, 32 „против“ и 34 воздржани.

Буџетот на програмата е 5,1 милијарди евра, од кои најмалку 20 проценти се наменети за превенција на болести и унапредување на здравјето, а програмата е развиена како дел од одговорот на ЕУ на пандемијата на Ковид-19.

Главните цели на програмата се зајакнување на здравствените системи преку поддршка на земјите-членки во меѓусебна координација и споделување на податоци, како и поголема достапност на лекови и медицински помагала по подостапни цени.