Живот
31. May 2016 - 13:45

Емотивна средба: По 70 години се сретнал со човекот кој го спасил од концентрационен логор

- За се што имам денес, деца, внуци, правнуци си заслужен ти, - му рекол Марсел Леви (90) на пријателот Сид Шафнер (94) додека седеле заедно во израелска воздушна база. Тоа била нивна прва средба после 20 години.
 
Нив двајца ги поврзува трагедијата и брилијантната победа во 1945. година кога Шафнер му помогнал и го ослободил Ливи и 30.000 заробеници од концетрациониот логор Дахау, пишува „ViralNova“.
 
Тогаш имале само 19 и 23 години.
 
Шафнер од Колорадо отпатувал за израел за да ја прими наградата за храброст и сеќање на жртвите од холокаустот. И двјацата знаеле дека ова е можеби последен пат да се видат.
 
Леви го запознал херојот со своето семејство, кое најверојатно не би го имал доколку не го спасил Шафнер.