Елизабет Холмс - најмладиот милијардер во светот

Името Елизабет Холмс можеби не ви значи ништо, но се работи за најмладата милијардерка во светот.
Заради нејзините необични работни стратегии, Холмс не се појавува често во медиумите. Всушност, додека многу сопственици на компании едвај чекаат да бидат во медииумите, Елизабет, која е родена во 1984 година, е многу таинствена околу своите револуционерни технологии за тестирање на крвта.
„Бизнис Инсидер“ ја рангираше на првото место на листата на најистакнати луѓе во Силиконската долина. Нејзината фабрика „Теранос“ би можела го промени светот на медицината засекогаш.
Таа беше 110-та на листата на „Форбс“ за 2014 година, а една година подоцна се најде на првото место како најбогата жена во САД со имот чија вредност се проценува на 4,7 милијарди долари.
Уште во средно училиште, Елизабета го совлада мандаринсиот јазик и почнала да тргува со кинеските брокери. Во текот на студирањето хемијата на Станфорд е регистриран првиот патент на нејзинио име, по што таа го напушта факултетот.
Од своето основање во 2003 година, „Теранос“ измисли тестови на крвта кои брзо и ефикасно може да откријат десетина заболувања и состојби, кои се движат од висок холестерол до рак, а доволно е само една капка крв.
Често ја споредуваат со Стивен Џобс, а за „Меркјур Њуз“ таа изјави дека започнала да размилува за тоа што е најголемата промена што може да му ја подари на светот.
Ново на Сител
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
-

Чекор кон развој на современа реконструктивна микрохирургија - на Клиниката за пластична хирургија извршени две сложени микрохируршки операции
