Свет
15. March 2016 - 16:25

Експлозијата во Берлин не е терористички чин, оценува полицијата

Берлинската полиција нема индиции дека експлозијата на бомба што се случи утринава во населбата Шарлотенбург е поврзана со терористички активности.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, во оваа фаза на истрагата, полициските истражители проценуваат дека убиството на возачот на автомобилот нема никаква поврзаност со терористички групи или поединци.

- Претпоставуваме дека се работи за убиство, изјави портпаролот на Јавното обвинителство во Берлин, Мартин Целтнер.

Предходно, откако теренот каде што се случи инцидентот го истражуваа антитерористички единици, случајот е предаден на одделот за убиства во берлинската полиција.