-->
-->
Експлозија во електрана во Велика Британија, има жртви
-->
Експлозија одекна во британската електрана Дидкот, на 113 километри западно од Лондон, во англиската област Оксфордшир. Полицијата објави дека се работи за сериозен инцидент во кој има и жртви. Засега се соопштува најмалку за еден загинат.
На местото се испратени спасувачки тимови, шест возила на брза помош и два хеликоптери.
Снимки емитувани на телевизиите покажуваат дека дел од една голема постројка во самата централа е разурната.
Засега не се соопштуваат повеќе детали за инцидентот.
Како што наведува британски „Индипендент“, електраната требало да биде урната кон крајот на годината, не е во функција од 2013 година, но има сомневања дека оваа експлозија не е намерно предизвикана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На ортопедија и траума работат 2 од 6 операциони сали
-
Фондот нема доволно пари за пензии, дупката ја полни државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Палчо на распит, негирал вина и тврдел дека е наместен
-
Палевски на распит
-
ДУИ славеше 22 години постоење
-
Спасеновски: Рано е за укинување на Пржинската влада
-
Филипче, Петровска и Деспотовски поднесоа кандидатури за претседател на СДСМ