Екологистите бараат одговор од Владата за гасоводот што треба да минува низ Парк шумата Водно
Група еколошки здруженија и граѓански иницијативи денеска преку соопштение реагираат на одлуката гасоводната делница Скопје-Тетово-Гостивар да продолжи да се гради по истата траса, низ Парк шумата Водно. Очекуваат одговор од Владата за ова прашање.
- По повод вчерашната објава на изјавата на директорот на МЕР каде Владата одлучила гасоводната делница Скопје – Тетово – Гостивар да продолжи да се гради по истата траса низ Парк шумата Водно, со неколку измени и мерки, очекуваме јавен одговор од Владата со објавување на нејзината одлука гасоводот да мине низ Парк шума Водно, донесена на владина седница, се вели во соопштението од еколошките здруженија и граѓански иницијативи.
Според нив, последниот официјален став на Владата познат на јавноста е од 27 март 2018 година. Тогаш беа задолжени Министерството за транспорт и врски, Град Скопје и МЕР да најдат заедничко прифатливо решение во однос на изградбата на магистрален гасовод Делница 5 Скопје - Тетово - Гостивар кај потегот на Водно.
Соопштението е од граѓанските иницијативи и здруженија: Го сакам Водно, О2 Коалиција, Стоп на загадувањето, Спас за Водно, Зелено Тафталиџе, ЕкоКарпош 3,2,1, Ние сме Карпош 4, ФРОНТ 21/42, МТБ Оксижен, I love hiking, Гоу Грин, Грин Пауер, Скопје Смог Аларм, Билка, Плоштад Слобода, Еко Свест, Сакаме Аеродром да дише.
Ново на Сител
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра