-->
-->
ЕКК: Сребрен медал за женската екипа на Асеко Гамбит
-->
Шахистите на ШК Сибир ја освоија титула на Европскиот клупски куп кој во саботата заврши во Скопје. Сибир до европската титула стигна без пораз, откако во седумте кола забележа шест победи и едно реми.
ШК Сибир, во последното коло, ремизираше со Објетиво Падова. Второто место на првенството им припадна на шахистите на Сокар од Азербејџан, а трети беа шахистите на Медниј Всадник од Русија.
Македонскиот шампион Алкалоид, во последното коло славеше над израелскиот Бер Шива со 4,5:1,5 и во конечниот пласман го освои шестото место.
Во женска конкуренција македонскиот тим Гамбит Асеко Сее натпреварувањето го завршија на второто место. Македонскиот преставник во последното коло ремизираше со рускиот тим Угра.
Првото место им припадна на шахистките на Нона од Грузија, додека бронзата ја освоија ја освои Угра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат