ЕК останува на препораката за старт на преговорите со земјава, но порачува: „не треба да се живее на стара слава“

Европската комисија останува на својата препорака за старт на преговорите за членство Македонија, бидејќи таа ги исполнува условите за тоа, но ваквиот став „не е статичка категорија и не може да се живее на стара слава“, порачаа претставниците на Еврокомисијата на денешното продолжение на вчера започнатото дводневно заседание на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – ЕУ, што се одржува во седиштето на Европскиот парламент во Стразбур.
Како што јави дописникот на МИА, шефот на Одделот за Македонија во Директоратот за европска соседска политика и преговори за проширување, Дејвид Кулен во обраќањето на заседанието порача дека Еврокомисијата има мандат да помогне и да советува, нагласувајќи дека помошта и советите треба да бидат содржајни и критички.
Тој порача дека во овој контекст пред избори, кога ќе има нов Парламент и нова извршна власт, Комисијата смета дека „не треба да се измислува топла вода“.
![]()
– Сите кажавте дека имате висока усогласеност со стандардите на ЕУ и Комисијата го кажува тоа. Зборувавте за судска стратегија, таа е добра, но треба да ја спроведете и дозволете му на судството да функционира. Се разбира лесно е тоа да се каже, истакна Кулен.
Собранието во Скопје, според Европската комисијата, се уште може да стори многу од денеска, па до неговото распуштање, со оглед дека има уште многу работи на дневен ред. Комисијата како главен приоритет на Собранието го смета усвојувањето на предлог законот за интеграцијата на СЈО во ОЈО.
Кулен најави дека Комисијата ќе ги зајакне проектите насочени кон младите и ќе понуди помош за да се спречи одливот на мозоци, не само од земјава, туку и од целиот регион на Западен Балкан.
![]()
Главни теми на денешниот втор ден од состанокот се владеењето на правото, судските реформи, борбата против организираниот криминал и корупцијата и изборниот систем и предложените реформи во тој домен.
Македонската собраниска делегација што учествува на заседанието ја сочинуваат нејзината претседателка Соња Мираковска и пратениците Бетиане Китев, Жаклина Лазаревска, Никола Попоски, Шпреса Хадри, Ивана Туфегџиќ, Иван Стоиљковиќ и Мерал Узеири Ферати.
На крајот на состанокот се очекува да бидат усвоени Завршни препораки кои се упатуваат до институциите на Република Македонија и на Европската унија. Меѓу предложените препораки е и повикот до сите земји членки на ЕУ „да се заложат да донесат позитивна одлука што е можно поскоро“ за започнување на пристапните преговори со земјава и Албанија, најдоцна до состанокот на Советот во март 2020 година.
Ново на Сител
-

ОЈО ГОКК побара притвор за Јованов во истрага за поткуп за лиценца - Судот ќе одлучува утре
-

Медицински факултет: Избраните кандидати беа далеку подобро рангирани од д-р Василевски - не беше доведен во понеповолна положба
-

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов, Кривичен суд ќе одлучува утре
-

Осуденичка од САД преживеала егзекуција - не ја усмртиле ниту две дози смртоносна инјекција
-

Советот на Град Скопје донесе одлука за намалување на бројот на предвидените нови вработувања во јавните претпријатија и установи
-

Од денеска до 5 октомври пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Цар Самоил добива саркофаг од македонски мермер со натпис „Самоил во Христа Бога, цар на Бугарите“
-

Неверојатен случај во Фиџи: 40 килограми кокаин чувани како доказ во суд исчезнале и биле заменети со брашно
