ЕК одобри употреба на уште една адаптирана вакцина против Ковид-19
Европската комисија денеска одобри употреба на адаптираната вакцина против корона вирусот „Спајквакс Икс-Бе-Бе.1.5“ („Spikevax XBB.1.5“) за есенските кампањи за вакцинација во земјите членки на ЕУ..
Како што соопшти Еврокомисијата, станува збор за трета адаптација на оваа вакцина на производителот „Модерна“ со цел да одговори на новите варијанти на Ковид-19.
Претходно, на 1 септември, Европската комисија ја одобри употребата во есенската кампања за вакцинација против Ковид-19 и на новата адаптирана вакцина на „Бионтек-Фајзер“, „Комирнати Икс-Бе-Бе.1.5“ („Comirnaty XBB.1.5“).
Во врска со денешното одобрување на новата вакцина, еврокомесарката за здравство и безбедност на храната, Стела Киријакидес истакна дека вакцинацијата останува најефикасна алатка против вирусите на Ковид-19 и сезонскиот грип кои се очекува да циркулираат оваа есен и зима.
– Ги охрабрувам засегнатите, особено оние на возраст од над 60 години, лицата со ослабен имунолошки систем и хронично болните, што е можно поскоро да примат засилена доза со најновите ажурирани вакцини кои ги таргетираат варијантите што моментално се шират. Сите ние треба да продолжиме да бидеме будни и да си помагаме меѓусебно за да се заштитиме, истакна Киријакидес.
Одлуката за одобрување на вакцината „Спајквакс Икс-Бе-Бе.1.5“ следи по евалуацијата од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА), спроведена согласно механизмот за забрзана проценка.
Одобрувањето е извршено по забрзана постапка со цел земјите членки да можат навреме да ја набават и да се подготват за претстојните кампањи за вакцинација, посочува ЕК.
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
