Свет
27. July 2017 - 21:10

Египет најави формирање антитерористички совет

Египетскиот претседател Абдул Фатах ал Сиси денеска најави дека ќе формира ново тело за борба против тероризмот и екстремизмот, во кое ќе бидат највисоките државни претставници.

Врз основа на декратот, што го донел, Националниот совет ќе го сочинуваат 10 министри, големиот имам Ал Азхар, поглаварот на Коптската православна црква, поранешниот голем муфтија и претседателот на Парламентот, а со советот ќе претстедава самиот Сиси, пренесоа американските медиуми.

Советот ќе осмисли стратегија за борба против тероризмот и екстремизмот, ќе ја коориднира работата со верските институции и безбедносните претставници со цел да го промовираат умереното верско проповедање и ќе предлагаат амандмани на закони што се однесуваат на тероризмот.