Едно лице почина во сообраќајка на автопатот Неготино-Кавадарци
Едно лице почина, а тројца се повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот Неготино-Кавадарци.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во 13.50 часот возило Опел Корса со скопски регистарски таблички излетало од патот.
Во возилото кое се движело на автопатот Неготино – Кавадарци се превезувале четири лица, членови на едно семејство.
Во близина на село Прждево, од засега неутврдени причини, возилото излетало од патот, по што од здобиените повреди животот го изгубило лице на возраст од 89 години. Возачот и патниците се здобиле со повреди, а поради сериозноста на повредите едно од нив е упатено на лекување во Скопје.
Јавниот обвинител издаде наредба за вршење на сообраќајно техничко вештачење со цел утврдување на причините за случената сообраќајна несреќа.
Ново на Сител
-
ДИК: Излезноста до 9 часот е 7,22 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
ЦУК: Жителите на Куманово да не ја пијат водата од ЈП „Водовод“
-
Одбележување на денот на семејството, НТЦ семинар со д-р Ранко Рајовиќ
-
Избирачкото место 1272 во Охрид отворено навреме, гласањето се одвива непречено
-
ЦУК: Поплавувања и штети од невремето на објекти, земјоделски површини, патишта и автомобили
-
Прегласувањето во Струга почна навреме, процесот тече непречено
-
Се прегласува во село Ларце, Општина Желино, процесот се одвива без проблеми
-
Најмногу дожд во Велес 20 литри на квадрат