Еден загинат и деветмина повредени во синоќешната сообраќајна несреќа кај Гевгелија
Едно лице загина, а девет се повредени во синоќешната сообраќајна несреќа што се случи на патот Гевгелија-Богданци, на мостот на реката Вардар, во која учествувале четири автомобили од кои еден превезувал мигранти од Сирија.
Според информацијата од СВР Струмица, во несреќата учествувале автомобил „мерцедес“ со регистарски таблички од друго возило, управувано од Б.М.(48) од Македонска Каменица, во кое превезувал и криумчарел седум мигранти од Сирија, „опел корса“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(63) од село Богородица, гевгелиско, „хјундаи“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(42) од Гевгелија и „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ќ.(37) од село Стојаково.
-Во несреќата, од здобиените повреди починал Б.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.М. и Е.Ј.(63), сопатничка во возилото „опел корса“, додека со телесни повреди се здобиле мигрантите, констатирани во болницата во Гевгелија. Увид на местото извршиле екипа на Полициската станица Гевгелија и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, стои во информацијата од СВР Струмица.
Заради несреќата, овој патен правец беше затворен за сообраќај од 19:30 до 23:40 часот, а сообраќајот се пренасочуваше преку селото Богородица.
Во расчистувањето на последиците од тешката сообраќајна несреќа учествувале едно противпожарно возило и тројца пожарникари на ТППЕ Гевгелија.
Ново на Сител
-
САД водат разговори со Хамас и ја повикаа групата да ги ослободи заложниците
-
Израелска армија: Цивилите да се евакуираат од градот Газа кон југ
-
Сончево и топло со температури до 36 степени
-
Украинско МО: Моментално на територијата на Украина има околу 700.000 руски војници
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути, на ГП Богородица до еден час
-
Вучиќ: Европскиот олош кој дојде да ја урива државава ќе биде процесуиран
-
Трамп потпиша наредба за преименување на Министерството за одбрана во Министерство за војна
-
Ново Грен слем финале Синер – Алкараз