Еден месец карантин ја чини Грција околу три милијарди евра
Еден месец „lockdown“ чини околу три милијарди евра, а можеби и повеќе, рече портпаролот на грчката Влада Христос Тарандилис, објаснувајќи дека сите одлуки што ќе се донесат за одново отворање на малопродажбата во земјата ќе бидат врз основа на препораките од надлежната Комисија на епидемиолози, јави дописничката на МИА од Атина.
Грција веќе над два месеци е во карантин, а со исклучок на периодот пред и за време на празниците кога на две седмици беа отворени фризерските салони, берберниците, книжарниците и центрите за техничка проверка на возила и продавниците само за услугата за подигање на претходно направена нарачка, сè друго е затворено од 7 ноември 2020 година.
Во текот на денешниот ден, надлежната комисија ќе одржи состанок, ќе ги разгледа епидемиолошките податоци за евентуално олабавување на мерките и повторно отворање на продавниците, но само за подигање на нарачка („click away“) и посета на продавница по претходно закажан термин („click in shop“).
Конечните одлуки на Владата ќе бидат соопштени попладнево на редовната прес конференција за ситуацијата со Ковид-19 во земјата.
Од почетокот на пандемијата во Грција се регистрирани 147.283 случаи на Ковид-19, а починаа 5.387 лица.
Досега, од 27 декември 2020 година, заклучно со вчера попладне, биле вакцинирани 70.698 лица.
Ново на Сител
-
Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
-
Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица