Едберг: Ѓоковиќ ноќна мора на Федерер
Поранешниот тренер на Роџер Федерер, шесткратниот гренд слем шампион, Штефан Едберг во интервју за „Тенис магазин“ вели дека жали што Швајцарецот не успеал да освои гренд слем титули кога соработувале во 2014 и 2015, но дека за тоа има само една причина – Новак Ѓоковиќ.
36-годишниот Федерер играше во четири финалиња на големите турнири во тој период, губејќи ги сите од Србинот Ѓоковиќ.
„Кога дојдов во тимот, бев сигурен дека можеме до гренд слем титули. Тој заслужуваше титули во 2014 и 2015, но Новак Ѓоковиќ беше многу подобар. Како минуваат годините, станува потешко, но Роџер е безвременски. Тоа што го направи последните две години е неверојатно“, вели Едберг.
Федерер сакаше да продолжи да работи со Едберг и во 2016 година, но Швеѓанецот вели дека планот бил да има само едногодишна соработка.
Ново на Сител
-
18-годишник од Штип возел 114 на место каде што дозволено 50
-
Македонските кикбоксери од Европскиот куп „Гранд при Сараево 2025“ се враќаат со 56 медали
-
Малолетничка загина во тешка сообраќајка, уапсен 19-годишен возач на „голф“
-
Мерц: Можно е најлошото допрва да доаѓа
-
Македонија влегува на светските карти за планинарски патеки
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Приведени крадци од Битола и Прилеп
-
Совети за долготрајна свежина на цвеќето