ЕБА: Решавање на политичката криза за да се одржи економската стабилност
Одборот на директори на Европската Бизнис Асоцијација (ЕБА) денеска оцени дека политичката криза во земјата негативно влијае врз економијата, деловната клима и условите за функционирање на бизнисите.
По денешниот редовен состанок на одборот на директори ЕБА соопшти дека голем број членки информирале оти нивните матични компании од ЕУ со загриженост ги следат состојбите во Република Македонија и се оценува дека земјата се повеќе се движи во насока на висока неизвесност и ризичност.
- Политичката неизвесност и лимитираното функционирање на институциите предизвикува воздржаност и конзервативно однесувањее на компаниите и мајките инвеститори, и фокусирање на краткорични планови за менаџирање на тековните приоритети во работењето. Тоа може да резултира со одлагање или откажување на долгорочните проекти и планови кои би го стимулирале растот на нашите компании и отвoрањето на нови работни места, воведување на поголеми премии за ризици со што би се намалила конкурентноста на македонската економија, се наведува во соопштението на ЕБА.
Потенцираат дека од тој аспект, одржувањето предвидлив и стабилен амбиент на стопанисување, е клучен фактор за стабилноста на деловните субјекти и нивното непречено функционирање.
Од Асоцијацијата апелираат до сите релевантни учесници во креирањето на политичкиот дијалог и стабилноста во државата, за итно решавање на настанатата ситуација, со цел да се одржи економската стабилност, инвестициите и долгорочниот економски просперитет на земјата.
Ново на Сител
-
Шкендија со порaз oд Силекс слави титула во ПМФЛ
-
Кремљ потврди дека се подготвува телефонски разговор на Путин со Трамп
-
Трамп најави одвоени телефонски разговори со Путин и Зеленски во понеделник
-
Американец за кого постои сомневање дека е заразен со ебола имал контакт со најмалку 26 Чеси
-
Повеќе од 150 делегации се регистрираа за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти
-
Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам
-
УХМР: До понеделник пониски утрински температури, дневните во пораст
-
МВР: Пријава за угостител кој точел алкохол на малолетно лице во Македонска Каменица