„Џонсон & Џонсон“ ја почна третата фаза од тестирањата за вакцина против коронавирус
Американската компанија „Johnson & Johnson“ денеска почнува со клиничко тестирањe на вакцината против коронавирус развиена од нејзината подружница „Janssen Pharmaceutical Companies“. Тестирањата ќе се одвиваат во неколку земји како Белгија, Коломбија, Франција, Германија, Филипините, Јужна Африка, Шпанија, Велика Британија и САД.
Како што јави компанијата синоќа во соопштение за јавноста, третата етапа од испитувањата за изнаоѓање на вакцина во овие земји ќе трае 12 месеци, а ќе учествуваат околу 60 илјади волонтери.
Според компанијата, во првите две етапи вакцината покажала создавање на имунолошки одговор и добра преносливост кај пациентите. Ако третата фаза испитувања заврши успешно, 30 милиони дози од оваа вакцина можат да бидат достапни до средината на 2021 година.
САД се прва земја во светот по бројот на заразени со над 11 милиони инфекции и над 246.000 смртни случаи. Во светот досега има над 54 милиони случаи на заразеност од коронавирсу а вкупно починале околу 1.3 милиони луѓе.
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден