Џон Мајер брутално ја навреди поранешната девојка Тејлор Свифт

Џон Мајер, познатото лошо момче од музичката сцена, беше во љубовни врски со многу познати убавици како Џенифер Анистон и Кејти Пери, но и Тејлор Свифт, која подоцна му посвети дури и неколку песни.
Од нив секако најпозната е „Dear John“ со која таа му го упати следното прашање: „Зарем не мислиш дека бев премногу млада така да си играш со мене? Девојката во фустан плачеше цел пат до дома...“.
Но, нивното јавно препукување не е заврши ни шест години по раскинивањето на врската, која траеше од декември 2009 до јануари 2010 година. Додека познатата пејачка го славеше својот 27. роденден, Џон на Твиер ја нарече „најбедното нешто во годината“, во пост што подоцна беше избришан.
Истовремено, голем број славни пријателки на познатата пејачка, ја искористија можност дополнително да и го разубават денот и и посакаа убави желби на социјалние мрежи.
Но, никој од нив не се огласи во врска со објавта на Џон, веројатно сметајќи дека понекогаш најдобро е некои работи да се игнорираат, затоа што едноставно не се вредни за коментирање.
Ново на Сител
-   
          

„Политико“: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија
 -   
          

Ужас во Скопје: 46-годишник си ја силувал својата малолетна ќерка
 -   
          

Кривична за две лица, со злоупотреба на лични податоци аплицирале за седум брзи кредити
 -   
          

Останува да се разгледаат уште седум од пристигнати 25 претставки за непотребно извршени интервенции на срце
 -   
          

Животните навики на родителите пред бременоста влијаат врз здравјето на детето, тврдат белгиски лекари
 -   
          

Енрике пред дербито со Баерн: Тешко ни е да победиме на два, три или четири натпревари по ред
 -   
          

Барселона за Халанд го нуди Олмо плус пари
 -   
          

Сабаленка и Кирјос ќе имаат „Битка на половите“ во декември
 
