Џон Кери на 14 февруари во посета на Тирана

Американскиот државен секретар Џон Кери на 14-ти февруари ќе ја посети Албанија, јави дописникот на МИА од Тирана, повикувајќи се на соопштение на американскиот Стејт департмент.
Во Тирана, Кери ќе допатува на крајот од неговиот петдневен престој во Европа, кој ќе го започне со престојот во Минхен, Германија каде ќе учествува на 52-та Конференција за безбедност.
- Во Тирана тој ќе се сретне со претседателот Бујар Нишани, премиерот Еди Рама, како и со лидерот на опозициската демократска партија Љуљзим Баша, со кои ќе разговара околу понатамошната евроатланска интеграција на Албанија, како и тесната билатерална соработка на САД со Албанија, пренесува тиранската телевизијаТоп-чанел.
Џон Кери е петтиот американски прв дипломат кој ја посетува Албанија во изминатите 26 години. Прв Албанија ја посети Џејмс Бекер во 1991 година, кога земјата се уште не беше излезена од 45-годишната диктатура. Во 2000 година во Тирана престојуваше Медлин Олбрајт, веднаш по косовската војна во 2003 година Колин Пауел, кога присуствуваше на потпишувањето на Јадранската повелба помеѓу Вашингтон, Тирана, Загреб и Скопје, додека Хилари Клинтон Албанија ја посети во 2012 година.
Кери од Тирана се враќа во САД и задно со претседателот Барак Обама на 15 и 16 февруари ќе учествува на самитот меѓу САД и АСЕАН.
Ново на Сител
-

Крозето: Европската одбрана треба да се прошири надвор од границите на ЕУ
-

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија
-

Белата куќа одобри нови санкции против Русија
-

Турција им советува на граѓаните поради горештините да консумираат сладолед, а не печива и кафе
-

Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“
-

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
-

Димитриевски за Изборниот законик: Многу подобро е да донесете нешто, отколку да не донесете ништо
-

Мицкоски: Трговците со зголемени маржи ќе бидат предупредени, анализата на 600–700 производи е во завршна фаза
