Македонија
20. April 2021 - 9:13

Џипот што го вози Рашковски е на име на еден од „тајните хонорарци“ во Владата

Луксузниот автомобил „Волво“ кое го вози екс-генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, а кое не фигурира на неговиот имотен лист е во сопственост на еден од хонорарците на Владата, дознава „360 Степени“.

Според истражувањето на медиумот, џипот е во сопственост на фирмата „Г.Б.Ц. Системи“, регистрирана за трговија на мало со аудио и видео опрема. Како што наведува медиумот, нејзин газда, според Централниот регистар е Игор Христов кого Рашковски го ангажирал како хонорарец за одржување информатички систем во Генералниот секретаријат на Владата. Тој е и меѓу осомничените за набавката на софтверот.