Македонија
25. December 2018 - 16:14

Џафери најавува распишување на претседателските избори, законот за привилегии за пратениците вели дека е само идеја

Претседателските избори ќе бидат распишани на 2 или 3 февруари, потврди собранискит спикер Талат Џафери бидејки мандатот на претседателот Иванов истекува на 2 мај. Џафери вели тој дека нема амбиција да влезе во трката за шеф на државата.  „Останувам претседател на парламентот“ , рече Џафери. Според него изборот на шеф на државата во парламентот е можен само ако постигнат консензус сите политички партии за тоа, но за тоа ќе биде потребна нова измена на Уставот.

Уставните измени согласно договорот од Преспа за промена на името, пак, треба да бидат донесени во првата половина на јануари.

Законот за нови привилегии на народните избраници засега останува само идеја.

Сепак,тој во неформална средба со новинарите рече дека не е соодветно пратеници во повеќе мандати да останат без работа пред да заминат во пензија.

За утре се најавува седница за гласање на реформиските закони. Во четврток на ред се пратеничките прашања. Во петок пак, претседателот Иванов ќе се обраќа пред пратениците.