-->
-->
Џафери- Кара: Македонија е конкурентна бизнис земја која нуди поволни услови за странските инвеститори
-->

На вечерата беа поканети претставници на компании кои веќе се присутни со свои успешни претставништва во Република Македонија и компании кои се заинтересирани да го прошират своето делување во Македонија и регионот, водени од позитивните искуства на другите.
- Покрај законската регулатива, еден од најзначајните фактори за атрактивноста на земјата е стабилизацијата по подолга политичка криза, а добивањето на позитивен, безусловен Извештај за напредокот, зголемената, динамика и активност во насока на добрососедските односи, се, исто така, во прилог на таа привлечност за инвестирање, потенцира Џафери.
Спикерот на македонскиот парламент истакна дека Собранието и Владата ќе направат сè што е во нивна моќ за да се олесни економската соработка.
Според Билал Кара Деловниот совет Турција - Македонија на Бордот за надворешно-економски односи на Република Турција има цел да го информира приватниот сектор во Турција за можностите за инвестирање во Македонија и за новите економски политики кон странските инвестиции и токму затоа оваа средба е значајна затоа што економската соработка меѓу двете земји треба да го следи примерот на одличните политички односи.
Турција е на шестото место од топ 20-те земји со вкупниот прилив во Македонија. Трговската размена изнесува 462 милиони долари, меѓутоа Кара истакна дека предизвик им е достигнувањето на трговска размена до една милијарда американски долари годишно.
Во рамките на официјалната посета на Република Турција беше остварена и средба со претставници на иселениците од Република Македонија во Истанбул. На средбата во организација на Здружението на иселениците од Гостивар беа поканети и претставници од Фондацијата на Румелијците во Истанбул, Федерацијата на иселеници од Румелија, Друштвото на иселеници од целиот Балкан, Друштвото на иселеници од Румелија – Рами, Друштвото на иселеници од Азискиот дел, Друштвото на гостиварци од Кадиќој, Друштвото на иселеници од Ќагитхане и претставници од локалната власт во истанбулската општина Ејуп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми