Џафери: Иванов ќе го прекрши Уставот ако не го потпише указот за Законот за јазиците
Претедателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе ги прекрши уставните одредби доколку не го потпише указот за прогласување на Законот за јазиците, изјави денеска претедателот на Собранието Талат Џафери, по синоќешната најава на шефот на државата дека нема да го потпише указот за овој закон.
Џафери не сакаше да коментира што во случај Иванов да не го потпише законот.
- Нема да коментирам што ќе биде ако биде. Членот 75 од Уставот на Република Македонија е јасен и по повторното гласање со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во Собранието, што е случај со законот, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот за прогласување на законот. Во спротивно ги крши уставните одредби, изјави Џафери по денешните свечени изјави на новите членови на Судскиот совет во законодавниот дом.
Собранието вчера во тензична атмосфера со 64 гласа „за“, без против и воздржани по втор пат го донесе Законот за јазиците, без амандманска расправа. За Законот гласаа и пратениците од немнозинските заедници со 24 гласа.
Законот, кој првпат беше изгласан на 11 јануари, повторно се најде пред пратениците откако претседателот Иванов не го потпиша и го врати на повторно разгледување во Собранието.
Претседателот Иванов вчера изјави дека нема да стави потпис на указот за прогласување на повторно изгласаниот закон бидејќи тоа не му го дозволуваат совеста и Уставот.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло