Џафери-Хан: ЕУ ги вреднуваше напорите на Македонија, сега фокус врз обврските
Со Одлуката на Советот на ЕУ за отворање на патот за отпочнување преговори во јуни 2019 година, земјите членки испратија јасен сигнал дека ги вреднуваат напорите на Македонија за реформи и добрососедски односи. Во наредниот период е потребно фокусирање на државата за исполнување на обврските во сите клучни области, истакнале на денешната средба претседателот на македонското Собрание Талат Џафери и еврокомесарот Јоханес Хан.
Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери на средбата посочил дека дека Собранието е целосно посветено на продолжување и продлабочување на сегашниот реформски импулс за да испорача понатамошни видливи резултати.
Еврокомесарот Хан го поздравил постигнатиот напредок, ја повторил силната поддршка на меѓународната заедница на патот на Република Македонија кон евроатланска интеграција и ја нагласил клучната улога на Собранието во процесот на усогласување на законодавството.
Двајцата соговорници заклучиле дека во наредниот период ќе биде потребно фокусирање на исполнување на обврските во сите клучни области.
Еврокомесарот Хан, со денешната посета на Македонија, официјално го означи почетокот на скрининг процесот со Европската комисија за утврдување на нивото на усогласеност на домашното со законодавството на ЕУ
Ново на Сител
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
-

Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди - опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% годинава
-

Акциска контрола на возила за јавен превоз - за пет часа констатирани 92 неправилности
-

Претрес во Гостивар, пронајдени автоматски пиштол „Шкорпион“ и муниција, уапсено едно лице | ФОТО
-

Јустина Широка Пуља избрана за претседателка на Косово
