Движењето БЕСА поднесе приговори до ДИК

Движењето БЕСА поднесе приговори до Државната изборна комисија (ДИК) за Втората и Шестата изборна единица поради, како што соопштија, низа нерегуларности со што билe оштетенi во крајниот резултат со два мандатa. Приговорите се однесуваат на гласачки места во Липково, Арачиново и Тетово.
Претставникот на БЕСА во изјава за медиумите посочи дека на едно лице му било дозволено да изнесе гласачко ливче, а потоа и да се врати со него и да го стави во гласачката кутија, а настанот се случил околу 11 часот. Дозволено е групно семејно гласање во текот на целиот ден, а имало агитирање за одредена политичка партија, како и сериозно вршење притисок врз гласачите. Вршено е и агитирање на изёбирачкото место. Според БЕСА, по завршување на процесот гласачките ливчиња не се исечени со ножици согласно упатствата, со образложение дека избирачкиот одбор немал ножици.
- Бројките во записникот не се гледаа јасно, па поради тоа укажуваме дека постоеле разни можности за манипулација со нив. Членот на избирачкиот одбор сликал неколку страни од Избирачкиот список и ги ниспратил до одредени луѓе надвор од избирачкото место за да покаже кои гласачи треба да дојдат да гласаат заради тоа што се уште не гласале. На неколку гласачки ливчиња не е ставен печат се со цел тие подоцна да бидат прогласени за неважечки, тврди претставникот на БЕСА.
Приговори до ДИК денеска на прес-конференција најави и лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Ново на Сител
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
-

Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи
-

Уапсен гостиварчанец, возел со 3,05 промили алкохол во крвта
