-->
-->
Двегодишно дете удавено во канал за наводнување во атар на село Долно Чичево
-->
Синоќа околу 20.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на место викано „Рамниште“, атар на с. Долно Чичево, општина Градско, во отворен канал за наводнување било пронајдено удавено двегодишно дете од населба Шуто Оризари, Скопје.
Како што информираше Верољуб Додевски, портпарол во СВР Велес, лекар од населба Градско констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција во Институт за судска медицина-Скопје. Бил извршен увид на местото на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична за кавадарчанец за шест дела „тешка кражба“ и две за „тешка кражба во обид“
-
Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, приведени шест лица
-
Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило
-
Полицијата викендов во контроли на угостителски објекти во Куманово, констатирани прекршоци
-
Енормно зголемена потрошувачката на вода во Скопје, можни се рестрикции и намален притисок
-
Струшките плажи и годинава без спасители на вода
-
За шест часа казнети 600 возачи
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари