Две лица од Дебар осомничени за разбојништво во казино
Како што е наведено во соопштението од Јавното обвинителство, лицата се осомничени дека како соизвршители на 15-ти овој месец одзеле околу 500.000 денари од казино во Дебар. Притоа, еден од осомничените маскиран и вооружен со пиштол влегол во казиното преку помошна врата, им се заканил на вработените и ги одзел парите од дневниот промет. Другиот осомничен, инаку вработен во казиното како управител, ги дал сите информации за дневниот промет, со автомобил го превезол до казиното и го чекал првиот осомничен да го изврши разбојништвото, по што двајцата заедно го напуштиле местото.
Осомничените биле идентификувани преку обезбедените снимки од видео надзорот на казиното и на околните објекти. Едното лице е лишено од слобода, додека по другото се трага.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка му предложи да определи мерка притвор за двајцата осомничени, која за лицето лишено од слобода би била ефективна веднаш, додека за неговиот соизвршител би се спровела по неговото лишување од слобода
Ново на Сител
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште