-->
-->
Дванаесет ученици убиени во Сирија во напад на руска авијација, Москва демантира
-->
Најмалку 12 ученици и тројца возрасни, меѓу кои и една учителка, се убиени во Сирија денеска во напад на руската авијација врз училиште во населба контролирана од бунтовниците во северната провинција Алепо, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.
Дваесет лица, ученици и учители, се ранети во нападот во Анџара, според невладината организација.
Три деца се убиени од ракети, истрелани од бунтовници врз квартови истрелани од владините сили врз градот Алепо, соопшти сириската државна информативна агенција САНА.
Портпаролката на руското МНР Марија Захарова ги демантираше информациите за рускиот воздушен напад врз училиште во Алепо, изјавувајќи дека Русија не изведува операции врз цивили.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер
-
Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори
-
Расчистено двојното убиство во Стајковци
-
Напаѓачот на Фицо призна вина
-
Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет