Двајцата сме вљубени ергени и имаме ист вкус за чевли: Еве кој Македонец стои зад ликот на Омер!

Најпопуларната турска романтична комедија за 2016 година, за кратко време стана една од омилените и кај македонските гледачи. Освен приказната од сценариото и одличниот кастинг на актерите, за тоа е заслужна и македонската актерска екипа која ги синхронизира ликовите на македонски.
Улогата на главниот протагонист- Омер која ја игра турскиот актер Бариш Ардуч, во наша верзија преку својот глас, улогата ја доловува младиот македонски актер Жарко Димоски. Во изјава за Вистина.мк тој вели дека ако гледачите го слушаа Омер на турски, не е сигурен дали толку ќе го обожаваа. Покрај тоа, открива и дека заедничко им е тоа што и двајцата се „вљубени ергени“ и имаат ист вкус за чевли.

„Ако го слушаа на турски не знам дали ќе го обожаваа баш толку. Некои ми велат дека наоѓаат заеднички карактеристики меѓу мене и Омер…јас ќе кажам дека главната сличност е тоа што и двајцата сме „вљубени ергени“ и имаме ист вкус за чевли, вели Жарко.
Емоциите и љубовта доминираат во секоја епизода, а за тоа да се изведе и звучи реално како на слика, така и со тон, според македонскиот Омер кажува многу.

„Постои специјална едукација за синхронизација и мислам дека тоа кажува многу што значи преку глас да доловиш емоција, односно ликот и неговиот живот, вели тој.
Инаку, Жарко Димоски неколку години е дел од Театар Комедија, настапува и на сцената при Драмски театар, а може да се пофали со богат репертоар на улоги. Исто така, дел е и од радио емисијата „Комичен мегахерц“ на Радио Слободна Македонија, каде секоја недела имаат интересни разговори и гости за слушателите. Приватно е вљубен и неженет и има истенчен вкус за мода, баш како и Омер, па затоа не случајно колегите го викаат Жаре „Стилски“.


Ново на Сител
-

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени
-

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.
-

Владата донесе одлука од денеска интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар
-

Епидемиолозите прогласија епидемија во Гостивар
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
